Премиерот Христијан Мицкоски, информира дека е постигната историски највисока цена на откупен тутун по килограм од 400 денари.
Во изминатиот период заедно со Министерот за земјоделство, водостопанство и шумарство, Цветан Трипуновски имав интензивни средби со тутунарите и откупувачите на тутун.
Од денеска откупувачите на тутун ја дополнија откупната цена од 375 на 400 денари за откупен тутун прва класа, со што тутунарите ќе ја добијат вкупната сума кои ја бараа. Дополнително Владата ќе ја зголеми и субвенцијата од 80 на 100 денари за килограм, што значи дека заедно со откупната цена и субвенциите секој тутунар ќе добие по 500 денари за килограм тутун, вели Мицкоски.
Пресметките говорат дека само оваа година над 140 милиони евра ќе завршат во рацете на тутунарите.
На овој начин директно помагаме на земјоделците кои се р’бетот на нашата земја и кои со мака и труд заработуваат за пристоен живот.
Продолжуваме 100% посветени, порачува премиерот Мицкоски.
Постигнавме историски највисока цена на откупен тутун по килограм од 400 денари.
— Христијан Мицкоски (@MickoskiHM) December 14, 2024
Во изминатиот период заедно со Министерот за земјоделство, водостопанство и шумарство, Цветан Трипуновски имав интензивни средби со тутунарите и откупувачите на тутун.
Од денес откупувачите на… pic.twitter.com/SrYlkKkVLZ