Skip to main content

Мицкоски: На талибански начин се избришани македонскиот јазик и идентитет од извештајот на ЕП

Oна што го најавуваат бугарските медиуми доби потврда. Премиерот Мицкоски денеска рече дека на талибански начин се избришани македонскиот јазик и идентитет од извештајот што според него е само уште еден доказ дека внесувањето на Бугарите во Уставот не е решение на проблемот и дека тој е многу подлабок, односно станува јасно дека се цели кон редефинирање на идентитетот. 


За тоа, Мицкоски ја обвини претходната Влада за која рече дека водела егзибиционистичка политика, споменувајќи ги имињата на екс шефот на дипломатијата Бујар Османи, поранешниот премиер Ковачевски и министерот за европски интеграции Маричиќ.

Поврзани вести