
Од денеска до 7 јули во Охрид ќе се одржи годинешното 64. Издание на „Балканскиот фестивал на народни песни и игри“, една од најстарите и најмасовните културни манифестации од тој вид во земјата.
Манифестацијата започнува со промоцијата на изданието „Балканскиот фестивал во Охрид низ видео записите на американскиот фолклорист Роберт Хенри Либман” од авторот Стојанче Костов, утревечер во Изложбениот салон на Центарот за култура „Григор Прличев”.
Официјалниот дел од програмата започнува задутре во 20:30 часот на сцената „Долни Сарај“ каде на Свеченото отворање ќе настапат КУД -.2025 „Гердан од Бисери” од Охрид и Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“.
Наредните фестивалски денови се резервирани за целовечерните настапи на Неврокопскиот ансамбл за народни песни и танци „Гоце Делчев“ од Бугарија, Ансамбл за фолклор „Гоце Делчев” од Битола, Ансамблот „Бојмија” од Гевгелија, КУД „Светозар Марковиќ” од Нови Сад, КУД „Јахи Хасани” од Чегране, КУД „Таше Милошевски” од Ресен, како и Македонското КУД „Јане Сандански“ од Мелбурн, Австралија.
На завршната фестивалска вечер ќе и преходи промоција на Монографија и изложба и ревија на народни носии „Од Љубанишча до Дебор“ на етнокореологот Љупчо Милошевски, по што следува целовечерен концерт „Македонски Рози“ со Митан и Андријана Јаневска.
Манифестацијата Балкански фестивал на народни песни и игри се одржува под покровителство на Претседателот на Собранието на РСМ.