Skip to main content

Организиран меѓународен состанок за иднината на Сирија, но без да ги викнат новите сириски власти

Министрите за надворешни работи на неколку арапски земји денеска во Јордан се среќаваат со меѓународни претставници за да разговараат за иднината на Сирија, но без присуство на претставници на новите сириски власти.

Јорданското Министерство за надворешни работи соопшти дека целта на средбата е да се истражат начини за поддршка на земјата за време на преодната фаза по падот на долгогодишната власт на Башар ал Асад. Треба да се разговара како да се гарантира инклузивен политички процес во Сирија, кој ќе ги вклучи сите групи во земјата.

Според јордански извори, на состанокот ќе присуствуваат министрите за надворешни работи на Јордан, Саудиска Арабија, Ирак, Либан, Египет, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин и Катар. Арапските претставници треба да се сретнат со шефовите на дипломатиите на Турција и САД, Хакан Фидан и Антони Блинкен во градот Акаба.

На состанокот ќе учествува и претставничката на ЕУ за надворешни работи, Каја Калас, како и специјалниот пратеник на ОН за Сирија, Геир Педерсен.

Поврзани вести

Casibom GirişDeneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişjojobetCasiboomcasino siteleriDeneme BonuslarCasibom Girişcasibomcasibom girişbonus fırsatıDeneme Bonusu 2024bonus 2024CASİBOMcasibomcasibom girişBeylikdüzü Escortcasibom girişcasibomcasibomcasino sitelericasibomcasibom girişcasibom