Skip to main content

Мицкоски: Пожарите ќе се гасат со модернизирана опрема со висок притисок

фото: ДЗС

На новинарско прашање премиерот Христијан Мицкоски истакна дека ова година сме повеќе подготвени за справување со пожарите во однос на минатата година и најави показна вежба од модернизираната опрема.

-Секаде на Балканов на лето се случува сезона на пожари, но за разлика од претходните години, оваа година сме многу по подготвени. Пред се мислам на армиските и полициските хелихоптери. Авионите на Дирекцијата за заштита и спасување, два се тука го чекаме и третиот да пристигне, популарно наречените ЕР Трактори, изјави Мицкоски.

Но она што ќе биде новитет е она што дел од застарената и магационирана опрема, како што се БТР 70, 80, стрите хермелини, питс гаиери и слично, коишто беа во магацините на миниастерството за одбрана и министерството за внатрешни работи. Се модернизираа обработија им се инсталираа посебни резервари за вода, се купија пумпи кои работат на висок притисок и можат да пристапуваат на непристапните терени. Тоа ни беше многу важно навечер као жто велат оганот спие, да можеме да му пристапиме и да го угасиме за да не се распламти преку денот. И многу скоро ќе бидете сведоци на една таква показна вежба.

Премиерот Христијан Мицкоски очекува дека ќе бидат направени околку 60 возила со различен волуменски капацитет за вода до 6 метри кубни.

Поврзани вести