
Вчера во 22.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од бул.„Христијан Тодоровски-Карпош“ со ул.„Цетинска“ во Скопје, патничко возило „ауди а4“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.И.(68) од с.Тисовица, скопско, се превртело на коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатничките Ф.И.(64) од с.Тисовица, скопско и Н.Ш.(28) од с.Елово, скопско, а со телесни повреди се здобиле возачот и уште двајца малолетни сопатници, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.