Skip to main content

Пожар во зграда во Аеродром, изгореа четири подруми

Архива

Пожар избувнал вчера во подруми во зграда во Аеродром.

Според информациите на МВР, вчера во 11.28 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на општина Аеродром, во подрумските простории од станбена зграда настанал пожар.

Од пожарот биле зафатени четири подрумски простории. Пожарот е изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје.

Повредени лица нема.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Поврзани вести