Skip to main content

„Романтични летни ноти“ во Истанбул – три децении музичко пријателство

Љубителите на класичната музика во Истанбул ќе имаат прилика да присуствуваат на концертот „Романтични летни ноти“, кој ќе се одржи на 3 јули 2025 година (четврток), во 19:30 часот, во Ерменската католичка црква „Сурп Левон“ во Кадиќој, Истанбул.

Концертот, во организација на македонскиот Културно-информативен центар во Истанбул и Асоцијацијата на истанбулската филхармонија, претставува свечено одбележување на 30 години уметничка соработка помеѓу двете истакнати имиња на македонската и европска музичка сцена – виолинистката Сихана Бадивуку-Хоџа и пијанистката Маја Кастратовиќ.

На програмата ќе бидат изведени дела од Клара Шуман, Јоханес Брамс, Властимир Николовски, Александар Лековски, Мануел де Фала, Фриц Крајслер, Енрике Гранадос и Пабло де Сарасате.

Сихана Бадивуку-Хоџа е реномирана виолинистка и редовен гостин на престижни фестивали низ Европа. Со стекнато образование од Конзерваториумот „Чајковски“ и Школата за музика во Детмолд, Германија, таа е концерт-мајстор на Косовската и Албанската филхармонија, како и активна професорка и културен работник. Работи како професор на Државниот универзитет во Тетово.

Маја Кастратовиќ, пијанистка со интернационална кариера, своето образование го стекнала на Конзерваториумот во Москва. Денес живее и твори во Словенија, каде што е активна како педагог, изведувач и член на жирија на бројни меѓународни натпревари.

Поврзани вести