
Во израелски напад врз затворот Евин во главниот град на Иран, Техеран, што беше извршен на 23 јуни, се убиени 71 лице, изјави денеска портпаролот на иранското Министерство за правда, Асгар Џахангир.
Во нападот врз затворот Евин беа убиени 71 лице, вклучувајќи административен персонал, млади луѓе кои отслужуваат воена служба, затвореници, членови на семејствата на затворениците кои ги посетуваат и соседи кои живеат во близина на затворот, рече Џахангир, пренесоа британските медиуми.
Тој потврди дека преостанатите затвореници се префрлени во други затвори во покраината Техеран.
Голем број странски државјани се притворени во затворот Евин, вклучувајќи двајца француски државјани кои се затворени таму веќе три години.