
Времето во текот на денов се очекува да биде сончево со мала до умерена локална облачност. Според најавите, ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, локално над 70 километри на час. Минималната температура e во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 27 до 36 степени Целзиусови.
Во Скопје, времето се очекува да биде сончево со мала до умерена локална облачност и со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура се спушти до 20, а максималната да достигне до 34 степени Целзиусови.
Според синоптичарите, денеска и утре ќе биде сончево и малку посвежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер што ќе предизвика опаѓање на дневните температури за 4 до 6 степени Целзиусови.
Се очекува дневните температури од понеделник повторно да бидат во постепен пораст.