
Посебна мудрост за сите времиња и секакви луѓе.
Се однесува, подеднакво за секој настан, поединец, општествена група, но за жал понекогаш и комплетно цело затруено општество, слепо и глуво на сé што надоаѓа, а е многу подобро од лошото минато.
Кога зборувам за лошото минато, апсолутно со право го регистрирам времето на владеење на СДСМ со своите партнери и помали сателитчиња, за кое слободно можам да повлечам паралела и да потврдам дека тоа што оваа ДРУЖИНА им го приреди на македонскиот народ и Македонија е еднаква на апокалипсата што оската Рим-Берлин и Токио им го направи на светот. Секако, се оградувам од жртвите и физичките тортури, такво нешто немаше, но заправо, тортурата и обидот за физичка ликвидација на МАКЕДОНСКИОТ ДУХ ја надминува суровоста што овие одроди од својот народ, ја демонстрираа врз своите прогласувајќи ги сите за свои непријатели зашто не размислуваат како нив клетите.
Квалификациите што доаѓаа од високо морално и етичко образовани луѓе и поединци со народно богатство во својот за нив неразбирлив и недостижен ментален склоп, со право, производот како функција на нивното темно владеење го нарекуваат, како карикатура од држава, Франкештајн општество, тиранија или заробена држава од малобројната алијанса создадена врз база на страв и терор, помеѓу извршната и судска власт и со комплетна контрола на законодавната која практично не постоеше, а беше само сервис на ова злосторничко здружение до тогаш невидено на овие простори и денешни времиња.
Сега кога зовре гравот и шупливите отровни, горки, исушени, поцрнети зрна излегоа на површина, народот ги собра и ги фрли во ѓубрето, на виделина излегоа сите прикриени од лакејите, безбедности и судски прикриени злодела, можеме со право да потврдиме, дека било многу полошо и подраматично од што изгледаше.
На сите црни атрибути треба да се додаде најцрниот:
Државата што тие ја водеа не беше ништо друго од ДРАКУЛА држава.
Сите чинители и носители на таа бесрамна и бескрупулозна клика, одлепена од сé и сешто им ја пиеше крвта и се насладуваше а сметка на својот народ, одејќи до таму за да се заштити и обезбеди себе си, се обиде и да го разнебити МАКЕДОНСКИОТ НАРОД за да нема ЖРТВА, па така спокојно и без трунка грижа на совест да си обезбедат алиби и непречено дивеење, беснеење, уништување, навредување и обесчестување на благородниот, правдољубив и богоугоден наш народ.
И, тука се сопнаа. Народот според насловот го препозна човекот кој ќе ги спречи и обесхрабри засекогаш, никогаш повеќе ни да помислат да удрат таму каде што сигурно ќе ги скршат своите празни стаклени глави, напудрени и намирисани, нашминкани од надвор како бел мермерен споменик, ладен и бесчувствителен, а од внатре пепел, мувла и неподнослива реа.
Благодарение на Премиерот Христијан Мицкоски и Владата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, овие црни денови заминуваат засекогаш во историјата на помнењето на црнилата што нé снајде но и да не се заборави за да се спречи вакви неранимајковци никогаш повеќе да не се појават, да исчезнат засекогаш како што филоксератаисчезна од нашите благородни лозови насади.
Лозовиот насад што се вика МАКЕДОНИЈА го насади десницата на ГОСПОД и таа е вечна, црвеното вино ја симболизира крвта пролеана на МАКЕДОНЦИТЕ кои несебично го жртвуваа својот живот на олтарот на честа и слободата да не биде залуден.
ВМРО-ДПМНЕ тоа го знае, го негува, засилува и облагородува до перфекција и затоа е препознатлив, а и резултатите се видливи, посебно за слепите со здрави очи и глувите со добар слух колку тие тоа да не го гледаат и слушаат.
Тешко е да се мрази својот народ, омразата со добрина лесно и брзо победува и уништувањето на татковината запира.
Лесно и многу малу е потребно да ја воздигнеш родината до небеса, само е потребна љубов, вистинска и препознатлива, кон своето.
Таква убавина, ниту старее, ниту поминува, а вечно трае на радост на сте, освен вие кои тоа чувство го немате во вашите срца и затоа не го разбирате