Skip to main content

Во Пробиштип промовирани две книги од млади автори 

Во Домот на културата „Злетовски рудар“ во Пробиштип синоќа беа промовирани првата книга на 10-годишната Сара Петковска, насловена „Каменот на времето“ и втората книга на 12-годишниот Стефан Петковски, насловена „Стрелата на смртта“.

Промотори беа универзитетскиот професор, доцент д-р Марија Крстева и одделенскиот наставник Маја Стојковска, а настанот го модерираше директорката на Домот на култура, Сандра Мијалковска. На промоцијата говореа и младите автори, Сара и Стефан.

Вредните умови повторно создадоа нови, интересни и безвременски детски книги. Вредните детски рачиња повторно напишаа врвни приказни кои прераснаа во мини-романи, рече Мијалковска.

Промоторот истакна дека еден од најважните иновативни придонеси во наративот во детската литература се дијалозите и толку умешно се претставени во „Каменот на времето“ на Сара Петковска, што ја прават приказната пореална отколку кога навистина би се случила.

Делото е авантуристичка фантастика во средина на реални случки, интеракција и комуникација. Стефан Петковски во „Стрелата на смртта“ креира сложена игра на сериозен возрасен свет каде се испреплетуваат неколку линии на дејствување. Самиот наслов е сериозен и ја наговестува неизвесната борба помеѓу животот и смртта, создавањето и разрешувањето“, изјави рецензентката Марија Крстева.

Поврзани вести