Skip to main content
E7OLb1cQnLc
САШО КЛЕКОВСКИ, ДИРЕКТОР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ

Ќе останеме посветени дури не закрепнат и не се рахабилитираат сите повредени од трагедијата во Кочани

Република/ Сашо Клековски, директор на ФЗО: Заминувањето е на доброболна основа, сите кои сакаат, ќе може да одат на Поника


Во одморалиштето на МВР на Пониква од саботата се 45 пациенти, повредени од трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“ во која животот го загубија 62 лица, а околу 200 беа повредни.

За нив се грижат двајца лекари и три медицински сестри. Од денеска доктор од Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија ќе доаѓа во посета во Пониква за да види каков тип на потребни имаат лицата кои се на рехабилитација.

Вкупно 116 лица кои настрадаа во пожарот кој се случи на 16 март во изминатиов период се лекуваа во странски медицински центри, а 71 беа згрижени во земјвата. Моментално 10 пациенти се уште се на лекување, пет во странство и пет во Македонија. Само еден пациент е во тешка состојба. На преврски и слични третмани се 38 повредени, а на физикална терапија се 46 лица. Со ПРП третман кој е наменет за лузни по изгореници се третираат 16 лица.

Рехабилитацијата на пациентите на Пониква ќе се одвива по групи, во циклус од две недели. Лекари од различни клиники направија евалуација и повредените ги поделија во пет групи. Во првата, најлесно повредени се 36, во втората 29, во третата 41, во четвртата 25 и во петтата, најтешко повредени се 16. Ќе се прават проценки во бранови, да се види дали на добар пат оди рехабилитацијата, па така, за месец или два ќе има нов круг на постојана контрола на напредокот. Пристигна и првата пратка на креми за апликација на изгорениците, а стигнаа и лепенките кои пациентите ги бараа..

Повредените се вратија од 20 земји од 30 различни медицински центри и 30 различни протоколи како да се третираат. Ќе останеме посветени се дури не закрепене и последниот повреден од трагедијата во Кочани, вели во интервју за „Република“ Сашо Клековски, директор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија.

Со Клековски разговаравме за Пониква, рехабилитацијата, ресоцијализацијата, психолошката поддршка, евалуацијата на повредените, како оди заздравувањето, колку државата се вложила во лекувањето на пациентите.

Клековски: Рехабилитацијата трае и не можам да кажам колку ќе чини, ова не е трка кој вложил повеќе / фото: Република

Иако првично беше замислено на Пониква да бидат испратени само пациенти со изгореници на кожата, одлуката е променета и сега и пациенти со белодробни оштетувања ќе можат да бидат вклучени во рехабилитацијата.

Заминувањето е на доброболна основа, сите кои сакаат, ќе може да одат на Поника, вели Клековски.



Во Општата болница во Кочани пристигнаа компресивните ракавици за повредените кои се чекор во нивното закрепнување. Со помош на најсовремена технологија за 3Д-сканирање земени се прецизни мерки за изработка на компресивни маски за врат и лице, кои ќе бидат изработени во Германија. Во Македонија, за жал, не постои соодветен материјал за компресивните ракавици. Но, благодарение на домашна компанија и нејзините меѓународни партнери, беше пронајдено решение. Секоја ракавица е изработена поединечно, со прецизни мерки земени за секој повреден – буквално за секој прст! Почна нивната дистрибуција, заедно со обука за правилна употреба. Првата пратка е обезбедена со поддршка на граѓанска организација.


Околу една четвртина се тешко повредени и рехабилитацијата ќе трае долго, но ние сме тука, колку и да трае заздравувањето, вели Клековски.


Често се поставува прашњето што направи државата за повредените од Кочани. Ова беше најмасовна операција во историјата за згрижување и тријажа на повредените. Беа вклучени стотици тимови на итната медицинска помош, со стотина транспорти. Беше ангажирна брза помош од приватни и јавни здравствени установи. И лекувањето во странство треба да се гледа како државна поткрепа, бидејќи е обезбедно од страна на државата. Досега, просечните трошоци на лекување во болницата „Св. Наум Охридски“ се околу 5.000 од повреден. Рехабилитацијата трае и не можам да кажам во овој момент колку сето тоа ќе чини. Ова не е трка кој вложил повеќе. Помошта од било кого е добредојдена, вели Клековски.


Формиран е конзилијарен тим од седум лекари, специјалисти, кои прават проценка за статусот и понатамошните потреби на повредните. Тие ги имаат комплетните болнички досиеја и отпусни листи за секој пациент.


Во болницата во Кочани има вработени 50 лекари, 100 медицински сестри. Колку точно персонал е ангажиран со повредените од дискотеката „Пулс“?

Последните инфорамции се дека од околу 200 повредени, во болниците во странство и во Македонија се лекуваат 10 лица. Тројца се лекуваат на Клиниката за пластична хирургија, а двајца во приватното здравство.


На прашањето што научивме од несреќата во Кочани во контекст на систематска подготвеност за катастофи, Клековски вели:

Како што бевме посветени во првите часови од несреќата, во првите денови на трагегдијата, ќе останеме посветени дури не закрепнат и не се рахабилитираат сите повредени од трагедијата во Кочани, вели Клековски.

Разговараше: Александра М. Бундалевска

фото и видео: Александар Ивановски

монтажа: Александар Арсовски

Поврзани вести