
Граѓаните на Гази Баба не забораваат. Не забораваат кој ја држеше општината во мракот на криминалот, корупцијата и неработењето.
Денес СДСМ повторно се обидува да ни го подметне истото – со ново име, но со старата, добро позната сенка. Влатко Митовски, кандидатот на СДСМ за градоначалник, не е ништо друго освен верна сенка на Борис Георгиевски – најнеуспешниот градоначалник во историјата на Гази Баба.
Гледавме како СДСМ ја закочуваше општината, ја полнеше со лажни ветувања и политички маркетинг, додека улиците беа распаднати, училиштата запоставени, а граѓаните заборавени. Сега сакаат да се вратат. Но народот не заборава.
Народот гледа кој работи. Денес, благодарение на ВМРО-ДПМНЕ, Гази Баба е едно големо градилиште:
Се гради нова училишна зграда за ООУ Крсте Мисирков во Ченто
Се гради нова детска градинка во Трубарево
Се гради нова детска градинка во Инџиково
Се реконструира Домот на културата во Ченто
Се гради нова училишна сала во Црешево
Се поставува нова мрежа на фекална канализација во Јурумлери
40 нови улици се асфалтираат низ целата општина
Се уредуваат нови детски катчиња, спортски терени, и уште многу
И најважното – наскоро започнува реализација на 25 нови проекти поддржани од Владата на Македонија.
Ова не се зборови. Ова се дела!
Граѓаните знаат: сè што се гради и се создава во Гази Баба е резултат на посветената работа на ВМРО-ДПМНЕ. А СДСМ?
Тие повторно нудат сенки од минатото. Ни го нудат Влатко Митовски, сенката на Георгиевски, исто како што ни го нудат Венко Филипче – сенката на Заев.
Вистинска реформа значи промена на вредности, не ротација на сенки.
Гази Баба нема време за уште еден експеримент, уште едно разочарување!
СДСМ ВО ГАЗИ БАБА – НИКОГАШ ПОВЕЌЕ!