
Многу се каам што бев со нив. Tие сами испланираа и завршија се. Ми беше кажано да не се мешам и да стојаm настрана, рече во завршните зборови Влатко Кешишев, кој е еден од обвинетите за свирепите убиства на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишнио Панче Жежовски од Велес.
Седев пред куќата во „кангуто“. По еден час се вратија со „цитроенот“ и тргавме кон Рудник. Јас го возев „кангуго“ а Палчо „цитроенот“. Кога стигнавме, јас останав, а тие гргнаа кон дупката со „цитроенот“. Кога завршија и се вративме во Скопје. „Цитроенот“ го оставивме во Маџари. Во Рудник слушнав истрел, но од далеку- се присети Кешишев.
Тој кажа дека бил двапати со другите обвинети, но стоел настана, бил во возилото.
Бев со нив двата пати. Стоев настрана, бев во возилото, а Боре и Велибор влегоа во зградата, кажа Кешишев.
Тој призна дека бил послушен и оти многу му верувал на Палчо без да знае за убиството.
Слушав дека се зборува за изнуда и грабнување. Свесен сум и се каам, имам грижа на совеста, рече Кешишев пред судот.