
В недела, на 22 јуни, од 20,30 часот во рамки на 46. издание на Скопско лето, ќе се одржи концерт „Вечер на шлагери“ – 20 години СПОНА, на Платото пред Македонскиот народен театар.
Водител е Вера Јанковиќ, а диригент на концертот е Иван Еминовиќ.
На сцената ќе настапат оркестарот на „Полифонија“: а изведувачи се Денис Димоски, Оливер Њего, Васко Здравков, Андријана Јаневска, Вера Јанковиќ, Теа Пејиќ, Ана Петановска, Маја Г. Панчева и Александар Тарабунов.
На програмата се 20 безвременски песни од Ѓорѓе Марјановиќ, Јадранка Стојаковиќ, Арсен Дедиќ, Бисера Велетанлиќ, Драган Стојниќ, Здравко Чолиќ, Оливер Мандиќ, Ѓорѓе Балашевиќ, Зафир Хаџиманов, Драган Мијалковски, Маја Оџаклиевска и други.
