
Кавадарчанец при реновирање во ѕидот од домот пронашол 18 парчиња стар експлозив и две парчиња стар фитил, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
Синоќа во 20:40 часот во ОВР – Кавадарци, Н.М., на возраст од 39 години од овој град, пријави дека при реновирање во неговиот дом, во внатрешноста на ѕидот пронашол 18 парчиња стар експлозив и две парчиња стар фитил. Пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување безбедно ги подигнал предметите, а увид на местото изврши увидна екипа на ОВР – Кавадарци, соопштија од СВР – Велес.
Претходно, вчера во 12:35 часот во ОВР – Кавадарци, 42-годишен кавадарчанец пријавил дека во домот, неговата сопруга му се заканувала нему и на неговите родители. Се преземале мерки за расчистување на настанот.