
Судот мора да го има во предвид неговиот страв и потчинетост и своевидното заложништо што чуствувал од страна на Палевски, истакна денеска Игор Ефремов, бранител на Влатко Кешишев. Тој рече дека Кешишев дејствувал директно по наредби на Палевски.

Она што и Кешишев потврди дека имал учество е во грабнувањето на Вања.Но, и овде нема основи за соизвршителство а уште помалку за соизвршителсво за убиство. Кешишев чуствуваше страв и при давањето на својот исказ кога побара да биде без присуство на Палевски.Во партијата пак се однесувал согласно дадените наредби на Палевски објасни адвокатот.