
Мицкоски рече дека досега исправал и пополнувал дупки и решавал проблеми што на Филипче, пајташите и самиот Филипче ги оставиле во државата.
Дупки, недоследности и неодговорности во работењето што ја оставија државата разурната и уништена, ограбена, пред банкрот, осиромашена, удавена во инфлаторни шокови, со секој трет граѓанин што сака да си замине од земјава, реагира ВМРО-ДПМНЕ.
Кога ќе зборува Филипче, јавноста не слуша план, туку ехо од Дубаи.
Човекот кој четири години беше дел од најрасипничката и најкорумпираната власт во историјата на Македонија, сега од удобната опозициска фотелја се осмели да зборува за работа?! Па токму Филипче беше симбол за „ништо не работеше“ – освен кога се делеше тендер, договараше провизија или се распарчуваше здравството!
Христијан Мицкоски и Владата ја презедоа државата во најтешка можна состојба – оставена во долгови, со уништени институции, со криминализирана администрација и со економија на колена. И наместо да навива против Македонија, Филипче конечно треба да го прифати фактот: времето на шминка, лажни пресови и празни флоскули заврши.
Работиме – и ќе работиме. И не за фотосесии или спотови, туку за народот.
А ти, Венко – одмори. Плажите во Дубаи повторно чекаат.