Skip to main content

Мицкоски: Нашата визија е „македонско на македонската трпеза“

Денеска присуствував на настанот „Од нива до трпеза – сè од нашата општина“ кој се одржи во Парк „Авионче“, Општина Аеродром. Испративме силната порака дека македонската земја храни, дека македонската трпеза има иднина, и дека македонскиот народ се потпира – и ќе продолжи да се потпира-на трудот, знаењето и љубовта со кои нашите земјоделци ја обработуваат земјата, напиша на својот фејсбук профил Премиерот Христијан Мицкоски.

Манифестацијата „Од нива до трпеза“ не е само пазар или саем. Таа е симбол. Симбол на цел еден синџир кој започнува со утринската роса на македонските полиња, продолжува низ потта на земјоделецот, преку вештината на преработувачот, до вкусот кој го чувствуваме во секое домашно јаболко, секое сирење, секој домат од македонска земја. Македонија има потенцијал-и тоа не е фраза, тоа е факт.

Како Влада, решени сме да ја вратиме честа и вредноста на македонскиот земјоделец. Земјоделството е стратешки приоритет на оваа Влада. Во период од само единаесет месеци, исплативме вкупно 8 милијарди 662 милиони денари за заостанати субвенции и редовни исплати кон земјоделците – тоа е конкретна поддршка, тоа се пари кај луѓето што ја хранат државата!

Нашата визија е „македонско на македонската трпеза“. Да создадеме економија на храна која е одржлива, извозно ориентирана, но и задоволна. Да ги поддржиме локалните производители, од најмалото село до најголемата задруга.

Поврзани вести