
Општина Центар информира дека од утре, 10 јуни, почнува караванот „Се гледаме во маало со Горан Герасимовски“, низ кој градоначалникот Горан Герасимовски ќе ги посети сите населби во општината и ќе се сретне со жителите на Центар.
Целта на овие средби е отворен дијалог со центарци – за тоа што е сработено во изминатиот период, но и за да се соберат идеи и предлози кои ќе бидат основа за креирање на новата програма на Општина Центар.
Средбите ќе се одржуваат на различни локации во маалата, во попладневни и викенд термини, со цел да бидат достапни за што повеќе жители. Центар се гради со луѓето и за луѓето. Затоа излегуваме на терен – да слушнеме, да разговараме и да продолжиме да ја развиваме нашата општина заедно со граѓаните. Секој предлог е добредојден, секоја идеја е важна. Ги повикувам сите центарци да дојдат и да ја споделат својата визија, активно да учествуваат во обликувањето на уште поубав Центар“, вели Герасимовски.
АГЕНДА
Вторник 10.06 од 18:30 до 20:00 часот
Капиштец Зебра паркот
Среда 11.06 од 18:30 до 20:00 часот
Дебар маало (клупата Горан Стефановски)
Четврток 12.06 од 18:30 до 20:00 часот
Пролет игралиште
Петок 13.06 од 18:30 до 20:00 часот
Паркинг кај Мистер џек (индијанско маало)
Сабота 14.06 од 10:30 до 12:00 часот
Зелено пазарче на плочникот
Недела 15.06 од 10:00 до 11:30 часот
Средно Водно паркингот
Понеделник 23.06 од 18:00 до 20:00 часот
Парк Капиштец кај спортското игралиште
Вторник 24.06 од 18:30 до 20:00 часот
Песталоци (во дворот)
Среда 25.06 од 18:30 до 20:00
Ул. 50 дивизија (игралиштето)
Четврток 26.06 од 18:30 до 20:00 часот
Градски ѕид (ескимо пролазот)
Петок 27.06 од 18:30 до 20:00 часот
НБРМ Плочникот Маџир маало
Сабота 28.06 од 10:00 до 11:30 часот
Пазарче Буњаковец
Недела 29.06 од 10:00 до 12:00 часот
Градски парк
Понеделник 30.06 од 18:30 до 20:00 часот
Водно (кош Тинекс)
Вторник 01.07 од 18:30 до 20:00 часот
Пајко маало (филхармонија)
Среда 02.07 од 18:30 до 20:00
Кеј 13 Номеври, кај кафичите
Петок 04.07 од 13:45 до 15 часот
Крњево