Skip to main content

Постхумна промоција на капиталното научно дело на Кирил Трајковски, насловено „Епископијата на Брегалница и Моробисдон (VII – XIV век)”

Националниот археолошки музеј во соработка со Фондацијата Кирил Трајковски, со длабока почит и благодарност ќе ја организира постхумната промоција на капиталното научно дело на Кирил Трајковски, насловено „Епископијата на Брегалница и Моробисдон (VII – XIV век)”.

Оваа монографија е резултат на децениска теренска и кабинетска работа, инспирирана од стремежот на авторот да ги обедини археолошките, историските и христијанските извори за еден од најзначајните духовни и културни центри на источното подрачје на денешна Македонија. Со прецизна анализа и стручна посветеност, Трајковски успеа да ги расветли улогата и значењето на епископијата во Моробисдон, и да го позиционира во пошироката рамка на византиската и средновековната историја.

Во предговорот на изданието,Паско Кузман го истакнува трудот на Трајковски како редок пример на синтетичка научна мисла која рамноправно се потпира на теренски археолошки факти и историско-критичка анализа. Делото претставува не само научен подвиг, туку и историски сведок за еден истражувачки живот исполнет со посветеност, методологија и искрена љубов кон археологијата.

Приредувач на изданието е Ана Јорданова -Дубровска

На настанот ќе се потсетиме на ликот и делото на Кирил Трајковски, но и ќе ја афирмираме неговата оставнина како инспирација за идните генерации научници.

 Промотори на книгата се проф.д-р Виктор Лилчиќ Адамс и Паско Кузман


Поврзани вести