Skip to main content

Вечерва гледајте Лига на нации, Германија-Португалија

 Селекторот на германската фудбалска репрезентација, Јулијан Нагелсман, ја истакна важноста на португалскиот напаѓач Кристијано Роналдо пред натпреварот против Португалија од полуфиналето во Лигата на нации.

– Роналдо има извонредна кариера. Неверојатно е да се игра на толку високо ниво толку долго. Постигна многу голови и имаше огромно влијание во тимовите за кои играше. Се надевам дека нема да има големо влијание против нас. И покрај неговата возраст, тој е сè уште многу опасен, тој е закана, силен во воздухот, во шеснаесетникот и има голема прегледност на играта, изјави Нагелсман за сајтот на УЕФА.

Четириесетгодишниот Роналдо во кариерата одигра 219 натпревари за репрезентацијата на Португалија и постигна 136 голови. За националниот тим дебитираше во август 2003 година.

Натпреварот Германија – Португалија ќе се одигра вечер со почеток во 21 часот на „Алијанц Арена“ во Минхен

Поврзани вести