Skip to main content
Од познатиот музеј Гревен во Париз

Украден францускиот претседател Емануел Макрон

Восочна фигура на францускиот претседател Емануел Макрон е украдена од познатиот музеј Гревен во Париз, објави телевизијата BFM. Инцидентот се случил денеска во раните утрински часови.

Според прелиминарните резултати од истрагата, две жени и еден маж, откако го посетиле музејот како обични туристи, се пресоблекле во униформи на вработените и ја изнеле восочната фигура на Макрон вредна 40.000 евра, која не била прикачена.

Крадците избегале низ противпожарните скали, криејќи ја фигурата под ќебе. Подоцна, еден од нив, кој се претставил како активист на Гринпис, контактирал со музејот и ја презел одговорноста за акцијата.

Набргу потоа, скулптурата била видена пред руската амбасада во Париз, каде што се одржал краток протест против економската соработка меѓу Франција и Русија.

Музејот Гревен, сместен на ридот Монмартр, е основан во 1882 година по лондонскиот Мадам Тисо и чува околу 450 фигури што прикажуваат историски и културни личности од Франција.

Поврзани вести