Skip to main content

Промоција на научното дело „Македонски дијалектен атлас“

Принтскрин

Во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) денеска ќе се одржи промоцијата на Македонскиот дијалектен атлас (од ризницата на картотеката – лексички материјали) во издание на МАНУ и Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“.

За ова дело беше доделена државната награда „Гоце Делчев“ за 2025 година како особено значајно остварување од интерес за Македонија во областа на науката.

Ова научно дело ја отсликува работата на сите претходници и современици, а со тоа исцртува не само слика за лексичкото богатство на македонската дијалектна територија, туку и слика за долгогодишната ангажираност на дијалектолозите во овој мошне значаен проект за македонистиката и за славистиката, напиша на Фејсбук министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Поврзани вести