
Во заедничка акција на Европол, полицијата од Белгија, Германија, Италија и Швајцарија разбиена е трансконтинентална криминална мрежа која шверцувала кокаин од Јужна Америка во Европа.
Европол денеска соопшти дека акцијата е спроведена во април, при што се уапсени вкупно 14 луѓе, од кои 11 во Белгија, двајца во Германија и еден во Италија. При претресите на 11 куќи во Белгија и во Италија запленети се повеќе од 780 килограми кокаин и затворена е една илегална лабораторија за преработка на кокаинска паста.
Со мрежата раководело италијанско семејство, кое било поврзано со шверцерите од Колумбија и преработувачите на кокаинската паста во Белгија.
Кокаинската паста од Колумбија со бродови била транспортирана до европските пристаништа, а потоа била складирана во магацини во Белгија, каде имало лабораторија за хемиска обработка на кокаинската паста во кокаин.
Мрежата била вклучена и во шверц на хероин и перење пари. ми/