Skip to main content

Царина заплени влажни шамивчиња за потенција, брендирани чанти, паметни часовници

Мобилен царински тим во царинската испостава Меѓународен Аеродром Скопје при контрола на стока пријавена за увозно царинење од испраќач од Дубаи наменета за македонска фирма откри 20 паметни рачни часовници Apple watch ultra и 11 кабелчиња за полначи во вкупна вредност од 680 илјади денари, кои не биле опфатени со царинските документи – информираат од Царинската управа.

Тие додаваат дека мобилен царински тим во соработка со полициски службеници од МЕКМ – ОГРМ запленил 13 кутии со по 50 ќесички влажни шамивчиња за потенција и четири женски чанти со потпис на „Гучи“. Непријавените производи биле пронајдени при контрола на автобус кој сообраќал на линијата Турција – Косово.

Царински службеници на граничен премин Јажинце во два случаи спречија обиди за шверц, при што запленети се дрон MAVIC 2 со три батерии и осум резервни перки со проценета вредност од 72 илјади денари, како и 406 разни текстилни производи – додаваат од Царина

При преглед на автобус на влез во државата на граничен премин Деве Баир во два куфери во сопственост на еден од патниците биле пронајдени над 75 парчиња брендирана облека којашто не ја пријавил.

Царински службеници на граничен премин Богородица запленија 8 штеки цигари откако истите ги открија при контрола на товарно моторно возило на влез во државата. Контролата е извршена по пријава од 197, при што во приколката во предниот десен дел на багажот затрупани со стока со која бил товарен се пронајдени непријавените штеки цигари спакувани во ќеса која била излепенa со селотејп.

Во друг случај исто по пријава на 197 на граничен премин Богородица, повикана е Службата за мобилни скенери којашто изврши скенирање на возилото при што во кабината се пронајдени шест штеки цигари што возачот не ги пријавил.

Поврзани вести