
Дваесет и пет училишта во провинцијата Долна Австрија добиле закани за поставени бомби, а учениците и наставниците се евакуирани поради превентивна мерка.
Заканите дека бомба ќе експлодира во училиштето биле испратени по електронска пошта, а текстот бил генериран од вештачка интелигенција.
Полицијата истражува од каде биле испратени електронските пораки.
Закани за поставени бомби во училиште пријавени се и во провинцијата Горна Австрија и во Линц.