Skip to main content

Малолетник повреден на магистралниот пат – обиколница кај Крива Паланка 

Малолетник е повреден на магистралниот пат А2, обиколница кај Крива Паланка. Пуштен е сообраќајот на овој патен правец, Куманово,- Крива Паланка – граничен премин Деве Баир што кратко беше затворен во двата правци.

На 26.05. околу 13 часот и 30 минути во Одделение за внатрешни работи Крива Паланка било пријавено дека кај м.в. Виолетов мост, на обиколницата околу Крива Паланка се случила сообраќајна незгода каде патничко моторно возило „тојота“ со кривопаланечки регистарски ознаки управувано од М.Т. удрило во малолетно дете. Увидот е во тек, информира портпаролот на СВР Куманово, Ивана Младеновска.

Увидот на екипите на Министерството за внатрешни работи сѐ уште трае. 

Поврзани вести