Skip to main content

Лишен од слобода жител на скопско Љуботен кој превезувал тутун без документација

Freepik

Полициски службеници од дебарското Одделение за внатрешни работи вчера го лишиле од слобода С.Р.(33) од скопското село Љуботен, во чиј автомобил пронашле тутун, што го превезувал без документација.

При преглед во патничкиот автомобил „Голф“ со скопски регистарски ознаки, што тој го управувал, извршен на местото „Мост Радика“ (Мелнички Мост) во близина на Дебар, полициските службеници пронајдоа и одзедоа најлонски кеси со вкупно 20 килограми тутун што го превезувал без соодветна документација, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

По насоки на јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично „Избегнување плаќање на акциза“ по член чл.279-б од Кривичниот законик.

Поврзани вести