
Најмалку три лица загинаа, а десет се повредени во синоќешниот руски напад врз Киев. Главниот град на Украина втора ноќ по ред е цел на напади, соопшти воената управа на главниот град на Украина.
Повеќе од десет непријателски дронови се во воздушниот простор на главниот град. Се приближуваат нови. Непријателот најверојатно ќе користи голем број дронови и ракети од стратешки авиони, изјави утрово началникот на киевската воена управа, Тимур Ткаченко.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, потврди дека експлозиите одекнале низ целиот град.
Воздушната одбрана е активна. Главниот град е нападнат од непријателски беспилотни летала, истакна Кличко.
Киев е нападнат по вчерашната размена на воени заробеници со Русија. Последната фаза од размената е планирана за денеска, при што треба да бидат разменети вкупно илјада заробеници. Вчера 307 руски воени заробеници беа разменети за ист број украински војници.