Skip to main content

Курти разреши функционер кој ги обвини странците за организирање немири на северот на Косово

Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин Курти, го разреши заменик-министерот за локална самоуправа, Арбeр Вокри, поради тврдења за дејствување на меѓународни претставници против интересите на Косово.
Вокри рече дека немирите на северот од Косово биле поттикнати од странски дипломати и претставници на меѓународни институции, а го спомена и шефот на Канцеларијата на ЕУ во Косово, амбасадорот Аиво Орав.
Изјавата на Вокри не го претставува ставот на Владата на Косово, според нивно соопштение.

Вокри синоќа изјави дека „меѓународната страна – и јас лично бев сведок на тоа, во неколку ситуации ги поттикна немирите“.

„Не велам дека ова беа нужно ситуации од големи размери, но со своите изјави, со своите состаноци, тие ги охрабрија експонентите поврзани со Српска листа да предизвикаат немири. Тоа се меѓународни дипломати, претставници на меѓународни институции“, изјави тој за приштинската телевизија КТВ.

Неговата изјава беше осудена од претставници на партии и од министерката за правда, Аљбуљена Хаџиу.

Поврзани вести