
Холандската амбасадорка Н.Е Узлем Џанел и заменик амбасадораката Манон Јансен изразија желба да ја посетат нашата библиотека, соопштија од Градската библиотека „Браќа Миладиновци“.
Имавме исклучително пријатна и конструктивна средба на која директорката Снежана Стојчевска и тимот ги запознаа гостите од Холандија со богатата историја, библиотечната мрежа и посебните оддели на ГБСК
Гостите ги посетија: Одделот за литература за деца и млади и Брајовото катче што е во подготовка, потоа популарната Читална (единствена во Македонија која работи 24/7), Одделот за дигитализација и колекциите на нашата дигитална библиотека, Белетристика и Британскиот оддел, како и нашата популарна спомен-соба „Т’га за југ“
Посебен интерес покажаа за вредната уметничката колекција на слики и цртежи што го красат нашиот централен објект
Директорката Стојчевска говореше и за јубилејот 80 години од постоењето на нашата институција, како и за бројните активности по тој повод, планирани за периодот од септември до декември.
Амбасадорката Џанел искажа уверување дека креативноста е таа што може да ни помогне во надминување на предизвиците:
Најголемата награда за вашиот труд се задоволните деца и млади, како и луѓето што доаѓаат во вашата библиотека. Библиотеката е трајно место на знаење, на креација и на средби. Важно е меѓусебно да се препознаваме и да креираме заеднички нешта – подвлече таа
Почитувана амбасадорке, Вам и на Вашиот тим ви благодариме за срдечната посета! Со радост ги очекуваме нашите следни заеднички проекти!