
Првообвинетиот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски – Палчо, на денешното рочиште достави приговор на видеото од домот на Велибор Манев кое беше презентирано на едно од минатите рочишта. Тоа е доказ на Обвинителството и тоа тврди дека датира од 21.11.2023 година во вечерните часови и дека тогаш се правени подготовки за убиство на Панче Жежовски во Велес.
На тоа видео се гледа автомобилот Рено Кангу кој најчесто го управувал Палевски.
Палчо, пак, тврди дека таа вечер воопшто не бил во Велес туку во Скопје, а како доказ достави паркинг сметки за неговото Фиат Добло таа вечер од Скопје.
Ова не смее да биде прифатено бидејќи паркингот се однесува на Фиат Добло, а не на Рено Кангу“, изјави обвинителката Стојковиќ.
Палевски тврди дека критичната вечер бил во Скопје и во седиштето на партијата ја подготвувал кривичната пријава против Оливер Спасовски и Зоран Заев.
Обвинителството тврди дека та вечер сум бил во дворот на Манев“, рече Палевски.