
„Имаме неколку осомничени лица кои ја запалија мојата викендица, но наскоро ќе бидат фатени и тие, ама ќе бидат фатени и нарачателите на пожарот“.
Ова, одговарајќи на новинарско прашање, денеска го изјави директорот на Управата за извршување санкции Александар Пандов, додавајќи дека нарачателите на пожарот во викендицата во селото Орешани кај Зелениково се многу поважни од самите сторители на делото.
– Конкретно немам што да ви кажам во моментов. Но, сепак, ќе ви откријам дека има неколкумина осомничени за подметнување на пожарот во викендицата. Наскоро ќе бидат фатени, а фатени ќе бидат и нарачателите на пожарот – рече Пандов.