Skip to main content

„Неочекувана одлука“: НСДП на изборите ќе настапи во коалиција со СДСМ

 На претстојните локалните избори во октомври оваа година Нова социјалдемократската партија (НСДП) ќе настапи како дел од коалицијата предводена од СДСМ, одлучи на вчерашната седница Централниот одбор на партијата, на која биле разгледани активностите на партијата што се преземаат во пресрет на престојните локални избори.

– Беше констатирано дека општинските организации на партијата кадровски и оперативно се целосно подготвени да го дадат својот придонес за успешна промоција на програмата и на кандидатите за градоначалници и советници од Колицијата предводена од СДСМ, со цел освојување на довербата на граѓаните и постигнување на успех на изборите, соопштија денеска од НСДП.

Исто така, НСДП ја отпочнала внатрепартиската постапка за евидентирање и утврдување кандидати за градоначалници и советници во советите на општините и градот Скопје, обезбедувајќи транспарентна, легитимна и демократска внатрепартиска процедура, за да се дојде до најприфатливи кандидати од НСДП кои имаат најголеми шанси за успех на изборите.