
Документарниот краток филм „Антигона“ ќе ја има својата светска премиера на реномираниот фестивал за документарен филм Sheffield DocFest 2025, еден од водечките фестивали во светот посветени на документарниот жанр.
Филмот е режиран од Ибер Деари и Мирсад Абази, а продукцијата и монтажа ја водеше Авди Тачи. Директор на фотографија е Фејми Даути, со Фисник Халили како втор камерман. Сценографијата е дело на Ардиан Кадриу, а за звукот се погрижи Дарко Спасовски – Паки.
Посебна благодарност е упатена до Антигона – херојката на приказната – за нејзината сила, дух и доверба во споделувањето на нејзината животна приказна.