Skip to main content

Одложено гласањето во Комитетот на Европскиот парламент по извештајот на Вајц за земјава 

На дневниот ред на утрешното заседание на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) не се наоѓа гласањето по извештајот за земјава за 2023 и 2024 година на известувачот Томас Вајц, како што беше претходно предвидено. 

Од кабинетот на австрискиот европратеникот Вајц, за МИА велат дека до одлагањето дошло поради поклопување на распоредите со другите политички партии. 

Европратеникот Вајц сака да организира состаноци што е можно поинклузивно, информира еден од неговите асистенти. 

Според него, за извештајот на Вајц за земјава Европскиот парламент ќе се изјасни на пленарната седница во јули. 

Од прес-службата на ЕП за МИА информираа дека извештајот за земјава не е утрешниот дневен ред на АФЕТ поради „чисто административни причини“. 

Тоа често се случува во АФЕТ, посочи портпарол на ЕП. 

Следниот состанок на АФЕТ е предвиден за 4 и 5 јуни. 

Поврзани вести