Skip to main content

Во Прилеп отворена изложбата „Булки“ на фотографот Милан Темелковски

Ценатар за култура „Марко Цепенков“ од Прилел / Милан Темелкоски

Во Прилеп, во ликовата галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков“ е отворена изложбата „Булки”е на фотографот Милан Темелкоски.

Фотографот Темелкоски, се претставува со фотографии на кои се овековечени неговите фото впечатоци од булките, кои се наоѓаат по полјаните.

Изложбата ја отвори Ивана Темелкоска, графички дизајнер, која посочи дека,Темелкоски покажува дека фотографијата не е само технологија, не е само “убав кадар”, туку начин да се забележи и почувствува мигот таков каков што е.

-“Булки и сенки” е поделена во два дела што на прв поглед изгледаат сосема различно, ама всушност имаат многу заедничко.

И едните и другите фотографии не потсетуваат колку светлината, природата и моментот што го живееме се важни-и колку често не ги забележуваме додека некој како Темелкоски не ни ги “турне” пред очи….Овие фотографии се сведоштво дека нешто толку обично, толку “наше” може да биде величенствено кога ќе му дадеме време да го видиме со вистинските очи. Фотографиите се омаж на природата околу нас, но и на тие невидливи пејзажи во нас-она што не секогаш ги артикулираме, ама ги носиме длабоко.А, сенките се тивки придружници што понекогаш знаат да бидат позборливи од самиот објект, рече Ивана Темелкоска, на отворањето на изложбата.

Поврзани вести