
Полицијата трага по лицето кое вчера пукаше и рани едно лице во кафуле во центарот на Штип.
Инцидентот бил пријавен вчеравечер околу 21:30 часот.
Во СВР Штип било пријавено дека во угостителски објект на градскиот плоштад во Штип, било пукано со пиштол при што едно лице е повредено. Лицето со возило на итна медицинска помош е пренесено во болница во Штип. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето кое пукало и за расчистување на случајот, соопшти МВР.
Штипската телевизија ТВ Стар објави снимка од синоќешното пукање. На видеото се гледа како осомничениот влегува во тоалет по што излегува и пука во колегата студент по што бега, а други лица се обидуваат да му помогнат на повредениот.
Содржината на видеото е вознемирувачка.
Според нивните неофицијални информации, и жртвата и лицето кое пукало се студенти од Турција. Осомничениот бил пресретнат од полицијата кај Миладоновци, но тој во бегство ја пробил наплатната рампа и покрај тоа што полицијата отворила оган. Неколку километри потоа убиецот го напуштил возилото оставајќи го на автопатот. Потрагата е во тек.