Skip to main content

Зеленски му се „улизува“ на Трамп: Mу благодари што сака да ја запре војната во Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ја изрази својата „длабока благодарност“ до Доналд Трамп „за неговата цврста решеност да стави крај на војната со Русија“, по средбата со новоизбраниот американски претседател во Париз.
Францускиот претседател Емануел Макрон беше домаќин на разговорите Зеленски-Трамп во саботата во Елисејската палата.

„Најважно е да работиме заедно за да ставиме крај на оваа војна, тоа е нашиот врвен приоритет. На состанокот во Париз само се фокусиравме на тоа“, напиша Зеленски на мрежата X.

„Ја повторувам мојата благодарност до претседателот Макрон за организирањето на оваа средба, како и мојата длабока благодарност до претседателот Трамп за неговата цврста решеност праведно да ја заврши оваа војна“, додаде украинскиот лидер.

Поврзани вести