Skip to main content

Германските берзи во слободен пад по неуспехот на Мерц да биде избран за канцелар во првиот круг на гласање

Freepik

Германските берзи во слободен пад по денешниот неуспех на конзервативниот лидер на Демохристијаните, Фридрих Мерц да освои потребно мнозинство во Бундестагот за да стане нов канцелар. Тоа претставува неочекуван пораз за негобвата нова коалицијата со социјалдемократите.

Индексот на берзата во Франкфурт (ДАКС) во 10:45 часот претпладнево падна за 1,12 отсто, односно на 23.076,58 поени, реагирајќи на ситуацијата која според пишувањето на медиумите сè уште не е забележана во историјата на германскиот парламент.

„Билд“ наведува дека никогаш досега не се случило именуван канцелар, по успешни коалициски преговори, да не биде избран во првиот круг на гласање.

Поврзани вести