
По долгата борба за потомство, Слаѓана Штајнерман од Србија, која живее во Германија, на 56 години го роди своето прво дете. На 23 април на свет дојде Доротеа, откако пред една година со надеж дека мајчинството можеби за неа сè уште е возможно, Слаѓана дојде во битолската болница „Плодност“, од каде ја споделија оваа убава вест.
Денес добив порака која ме направи навистина радосен! Нејзината ќерка која го носи името Доротеа што значи „дар од Бога“, се роди здрава и жива како резултат на вербата и трпението на нејзините родители и нашиот заеднички труд, што е уште еден доказ дека возраста не секогаш е граница кога науката и нашето долгогодишно искуството се тука, сподели д-р Таше Трпчевски.