Skip to main content

Штетата е направена – Трошановски за ограничените шанси на Македонија во преговорите со ЕУ

Во моментот кога македонската влада се соочува со ограничен маневарски простор во однос на преговарачката рамка со Европската Унија, претседателот на Институтот за демократија „Социетас цивилис“, Марко Трошановски во интервју за Радио Слободна Европа, предупредува дека промената на самата рамка е речиси невозможна – но затоа е клучно, вели тој, да се промени сценариото на нејзината имплементација.

Во однос на политичката култура во земјава, вели дека иако има напредок во тонот на дебатата по трагедиите кои ги сплотија партиите, сепак, се уште се чувствува етничка поделеност и недостаток на конструктивна дебата, особено од страна на опозицијата.

Опозицијата е отсутна целосно, мислам дека многу повеќе треба да е насочена кон предлози кои даваат и се конструктивна критика на политиките. Мислам дека нивниот комуникациски центар многу поактивно да разработува она што се нарекува Влада во сенка, за секој ресор на ВМРО, опизицијата да има конкретен човек кој што би бил лице на опозициската алтернатива понуда на политиките од тој домен и ресор, рече Трошановски.

На прашањето за комуникацијата на актуелната власт со граѓаните, Трошановски вели дека ВМРО-ДПМНЕ, како и во минатото, вложува многу во политичка комуникација и го прави тоа конзистентно, но засега без злоупотреба на медиумите како во минатото.

Поврзани вести