Skip to main content

Николоски: Македонија и Скопје на авиомапата на Барселона и Лион, владините политики обезбедија десетина нови дестинации

На Меѓународниот аеродром Скопје слетаа првите авиони на новововедените линии Барселона – Скопје и Лион – Скопје. Тие се дел од владината полтикика за финансиска подршка за воведување на нови авиолинии и нови дестинации за граѓаните, објави преку видео порака на својот фејсбук профил, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Како што вели Николоски, политикита на субвенции што ја води Владата ги дава првите резултати. За неколку месеци има десет нови дестинации од двата аеродрома, во Скопје и во Охрид.

Слетаа првите авиони од Барселона и Лион. Тоа значи многу за зголемување на туризмот и за подобрување на економијата во Македонија. Со новите летови кои што Владата ги обезбеди, придонесуваме да се зголеми бројот на патници на скопскиот и охридскиот аеродром. Со директните летови од Шпанија, Барселона и Франција, Лион, секако дека многу ќе придонесеме во оваа насока. Политикита на субвенции што ја води Владата и Министерството за транспорт ги дава првите резултати. За неколку месеци имаме десет нови дестинации од двата аеродроми. Ветувам уште многу нови дестинации, уште многу патници на скопскиот и охридскиот аеродром, многу повеќе туристи, повеќе можности за размена, многу повеќе луѓе кои ќе доаѓаат за бизнис во Македонија и уште многу повеќе луѓе кои што ќе патуваат“, истакнува Николоски. 

Поврзани вести