Skip to main content

Почнува одбележувањето на Денот на Европа

hassan-anayi-on-unsplash
hassan-anayi-on-unsplash

Во зградата на Европскиот парламент во Стразбур денеска ќе се одржи официјалната церемонија на почетокот на одбележувањето на Денот на Европа – 9 мај и на 75-годишнината од усвојувањето на Шумановата декларација. 

Церемонијата ќе почне со емитување на видео порака на претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола, по што ќе следи обраќање на потпретседателот на ЕП, Јунус Омарџи. 

Свечениот дел од стартот на овогодишното одбележување на Денот на Европа ќе заврши со настап на музичкиот ансамбл „Воа де Страс“ (Voix de Stras’). 

Посетителите преку разни изложби и интерактивни активности, ќе можат да се запознаат како функционира Европскиот парламентот, како се усвојуваат законите и зошто е важна европската политика.  

Најголемиот дел од настаните поврзани со одбележувањето на Денот на Европа во европските институции ќе се одржат на 9 и 10 мај. 

Инаку годинава, ЕУ заедно со Денот на Европа ја одбележува и 75-годишнината од Шумановата декларација, која ги постави темелите на денешната Европската Унија.