Skip to main content

Во курдска гостилница во Германија наплаќаат дополнително ако гостите не го дојадат нарачаниот оброк

Готвачка во курдски семеен ресторан во Германија открива дека нивната гостилница наплаќа дополнително ако гостите не го завршат оброкот. Видеото на Тик-ток и Фејсбук собра над 4,6 милиони прегледи.

Микасаханма објаснува дека на тој потег се одлучиле поради доста „посебниот концепт“ на ресторанот, каде што гостите за 30 евра можат да јадат колку што сакаат следните 90 минути.

Ако не можете да ја дојадете храната што сте ја нарачале во нашиот ресторан, тогаш на крајот треба да доплатите… Концептот е „сѐ што можеш да изедеш“, а не „сѐ што можеш да нарачаш“, вели таа.

Многумина се согласуваат дека тоа е „разумен начин“ да се ограничи фрлањето храна.

Поврзани вести