Skip to main content

Возел 173 со своето „бмв“ на место каде дозволено е 80км/час

Полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово вчера околу 10 часот го лишиле од слобода А.Р.(19) од с. Синичане, затоа што на автопатот Скопје- Тетово управувал патничко возило „голф“, со тетовски регистерски таблици, со брзина од 171 километри на час на место каде максимално дозволена брзина е 100 километри на час.

Во 18 часот, пак,  на патот Гостивар-Тетово, лишен од слобода е Б.А.(27) од Тетово, кој управувал патничко возило „бмв“, со странски регистерски таблици, со брзина од 173 километри на час на место каде максимално дозволена брзина е 80 километри на час.

Тие биле задржани во полициска станица и по документирање на случаите, ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци согласно член 297-а од КЗ „безобѕирно управување со моторно возило”.

Поврзани вести