Skip to main content

Раководството на ТОАРИЛУЦ започнува со отворени денови за директна комуникација со пациентите – секој втор понеделник во месецот

Раководството на ТОАРИЛУЦ започнува со отворени денови, секој втор понеделник во месецот, почнувајќи од 13 до 15 часот во салата на трети спрат на Клиника за ортопедија.

Целта е одблизу и во директна комуникација со пациентите да ги слушнеме нивните сугестии, забелешки, поплаки и пофалби од нашите пациенти.
Во рамки на постојните ресурси на Клиниката ќе се обидеме заедно со раководителите на одделите за трауматологија, ортопедија и КАРИЛ да излеземе во пресрет на барањата.
Нашата цел е унапредување на состојбите на нашата Клиника која е единствена од ваков вид во терциерното здравство, каде се третираат најкомплексните состојби од овие области во цела држава, вели проф.д-р Марија Јовановски Срцева, директор на Клиниката за ТОАРИЛУЦ.