Skip to main content

Тројца повредени во пожарот во Кочани отпуштени од болницата во Варна

БТА

Тројца повредени во пожарот во Кочани кои беа хоспитализирани на Универзитетската болница за интензивна нега „Св. Ѓорѓи“ во Пловдив, денеска се пуштени на домашно лекување, соопшти прес-центарот на болницата, пренесува БТА.

Пациентите – тројца мажи на возраст од 19, 21 и 48 години – беа примени во болницата на 17 март на Клиниката за пластична, реконструктивна и естетска хирургија, каде што беа сместени на интензивна нега поради сериозноста на изгорениците. За време на престојот во болницата, нивната состојба постепено се подобруваше, а медицинските специјалисти им ја обезбедуваа сета потребна нега и третман, се вели во соопштението.

Во моментов, сите пациенти се во стабилна општа состојба и ја напуштаат медицинската установа со пропишани препораки за следење и рехабилитација.

Тројцата пациенти и нивните роднини изразија благодарност до тимот на болницата во Варна.

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани што се случи на 16 март, животот го загубија 62 лица, а близу 200 беа поврдени. Некои од повредените беа пренесени на лекување во други земји. Во Бугарија беа хоспитализирани 15 повредени – од нив осум во болницата „Пирогов“ во Софија, а другите во болниците во Пловдив и Варна.

Поврзани вести